Банките заработија десет милиони евра за шест месеци

Bez autora
Oct 07 2012

Високите камати и провизиите што ги наплаќаат од граѓаните и од компаниите им донесоа 10 милиони евра ќар на банките во земјава во првото полугодие од годинава, односно тие остварија за 70,8 отсто поголема добивка во однос на истиот период лани, кога полугодието го завршија со добивка од 5,8 милиони евра. Народната банка во својот извештај потенцира дека поради рецесијата што ја зафати земјава, очекуваат стегање на ременот во поглед на кредитирање на стопанството и на граѓаните. Добивката на големите банки во првите шест месеци од годинава се искачи на 15,5 милиони евра, а вкупниот резултат се должи на загубата што ја прикажаа помалите банки. Kаматите и провизиите што ги наплаќаат се главните приходи од кои тие успеваат и покрај кризата што ја зафати земјава, да останат стабилни и во ситуација кога имаат 380 милиони евра ненаплатливи кредити.

Банките заработија десет милиони евра за шест месециВисоките камати и провизиите што ги наплаќаат од граѓаните и од компаниите им донесоа 10 милиони евра ќар на банките во земјава во првото полугодие од годинава, односно тие остварија за 70,8 отсто поголема добивка во однос на истиот период лани, кога полугодието го завршија со добивка од 5,8 милиони евра.

Народната банка во својот извештај потенцира дека поради рецесијата што ја зафати земјава, очекуваат стегање на ременот во поглед на кредитирање на стопанството и на граѓаните. Добивката на големите банки во првите шест месеци од годинава се искачи на 15,5 милиони евра, а вкупниот резултат се должи на загубата што ја прикажаа помалите банки. Kаматите и провизиите што ги наплаќаат се главните приходи од кои тие успеваат и покрај кризата што ја зафати земјава, да останат стабилни и во ситуација кога имаат 380 милиони евра ненаплатливи кредити.

Податоците на НБ покажаа дека во првите шест месеци од годинава банките наплатија фантастични 200 милиони евра или инкасирале по 1,1 милион евра дневно од граѓаните и од компаниите на име камати и провизии. Податоците покажуваат дека тие годинава „ќариле“ за околу 20 милиони евра повеќе од камати и од провизии од првото полугодие лани. Во првото полугодие од годинава наплатени се 163 милиони евра од камати и 37,6 милиони евра од провизии и надоместоци. Само од домаќинствата инкасирале 58,7 милиони евра за камати. Тоа покажува дека секој вработен (а има околу 450.000 пријавени вработени) за половина година оставил 130 евра, или еден минимална загарантирана плата во банка за камата.

Високите провизии банкарите ги правдаат со фактот дека разликата меѓу каматите за кредитите и за депозитите во земјава е мала и дека преку провизиите ги покриваат останатите трошоци од редовното работење.

- Многу е низок прагот на каматните стапки и тој сега изнесува 3,25 отсто (разлика меѓу камати на кредити и на депозити). Во светски рамки тој просек е 5 отсто. Секоја банка има оперативни трошоци од работењето како комуналии, плати, телекомуникациски услуги и друго, се плаќа осигурување на депозитите и за да работи профитабилно мора да ја покрие таа разлика, и тоа се прави со надоместоци и провизии – коментираат банкарите.

Граѓаните велат дека знаат дека не можат да си „играат“ со банките и дека мора редовно да ги намируваат обврските, но се револтирани од високите камати и провизии кои им ги наплаќаат банкарите. Велат дека ако не морале, немало да се задолжуваат и дека ако еднаш дојдат до салдо нула, никогаш повеќе нема да се фатат во орото со банките.

- Требаше да извадам полномошно за син ми за да патува во странство со спортска екипа. Ми дадоа уплатница за таксена марка од 50 денари. Се вџашив кога банкарскиот службеник ми побара 100 денари. Размислив, знам дека треба да уплатам 50 денари, и прашав зошто толку пари. Ми одговори дека 50 денари е банкарската провизија. Kаде се видело провизија да биде 100 отсто од сумата што се уплатува – вели Дејан Секулов од Скопје.

Советот на Народна банка завчера го усвои извештајот за банкарскиот сектор и заклучи дека како резултат на движењата во реалниот сектор и согледувањата за постојните ризици од глобалното опкружување и нивното влијание врз домашната економија, банките и натаму се претпазливи и кредитниот раст с` уште е умерен.

- Остварената добивка повисока за 70,8 отсто во однос на добивката остварена во истиот период претходната година се должи не само на поголемиот износ на ослободената исправка на вредноста, туку и на повисокиот каматен нето-приход и подобрувањето на оперативната ефикасност на банките. На квартално ниво, кредитите кон приватниот сектор се зголемени, а ликвидната актива го задржа високото учество во вкупната актива од 30,2 отсто – соопшти НБМ. Зголемувањето на кредитите кон приватниот сектор и зголемувањето на вложувањата во државни хартии од вредност придонесоа за пад на вложувањата во благајнички записи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik